Нов блесок на Лука Дончиќ, Букер броеше до 48

Кошаркарот на Феникс, Девин Букер постигна 48 поени во победата на Феникс над Сан Антонио, додека нов блесок направи Лука Дончиќ кој дојде до трипл-дабл учинок во триумфот на Далас над Оклахома.

Младиот Букер беше најзаслужен во победата на својот тим над Сан Антонио, на крајот убедливо со 121:107. Спарси беа рамноправни до последниот период, а потоа Санс со импресивна партија ја добија четвртата четвртина 34-16, која беше клучна за победата.

Далас во целосно неизвесен натпревар го совлада тимот на Оклахома со 104-102. Лука Дончиќ постигна 20 поени, 11 скока и 12 асистенции, со што го предводеше својот тим до победата. И Далас како и Феникс, до победата дојде во последниот период кој го реши во своја корист со три разлика.

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс дојдоа до триумф над Јута со 101-95. Лејкерси направија голем пресврт во последниот период, откако Јута во третиот период имаше предност и над 10 разлика. Во четвртата четвртина на стартот Лејкерси имаа проблеми, и тука Јута водеше со девет поени разлика, и кога се чинеше дека ќе дојде до победа, Лејкерси направија голем пресврт. Со серија од 9-0 ја стигнаа разликата, а потоа дојдоа и до водство кое го зголемуваа се до крајот на мечот кога Јута само успеа да намали.

РЕЗУЛТАТИ
Далас – Оклахома 104:102
Атланта – Милвоки 121:114
Орландо – Порталд 88:98
Мајами – Торонто 104:99
Феникс – Сан Антонио 121:107
ЛА Лејкерс – Јута 101:95

Се вчитува...