Рафаел Надал на пресконференцијата по првата победа на Австралија Опен говореше и за аферата која ја предизвика Новак Ѓоковиќ. Српскиот ас во неделата беше депоритран од Австралија и покрај тоа што претходно Федералниот суд ја поништи првичната одлука, а медумите беа заинтересирани за ставот на шпанскиот тенисер.
Надал од новинарката која го праша за Ѓоковиќ повеќе пати бараше да му се повтори прашањето при што на неговото лице се појавија интересни гримаси на збунетост, зачуденост, запрепастеност и насмевка кои станаа хит на социјалните медиуми.
„Уморен сум од таа тема. Кога го доби судскиот спор при првото судење реков дека правдата проговори. Таа одлука сега беше поинаква. Никогаш нема да се бунам против тоа што го вели правдата. Јас секогаш имав добар однос со своите ривали. Животот е подобар кога е така. Со Новак е така низ целиот мој живот. Му посакувам се најдобро. Целата ситуација беше еден голем хаос, тој не е единствениот кој погреши, но во исто време е и делумно одговорен“, изјави Шпанецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА