Италијанското здружение за заштита на правата на потрошувачите побарало од италијанската федерација преигрување на натпреварот Милан – Специја, поради грешката на судијата Марко Сера кој не призна чист гол за Милан, а потоа Специја стигна до победата.
Сера досуди слободен удар за Милан, и покрај тоа што во продолжение од акцијата Месијас погоди во мрежата. Веројатно со тој гол Милан ќе ги освоеше бодовите, а на крај Специја ја искористи психолошката предност и постигна гол за триумф.
Сепак, и покрај барањето, натпреварот нема да може да се преигра затоа што судијата не го прекршил законот, туку станува збор за „техничка грешка“, што не предвидува кршење на било какви правила и закони.
Судијата ја призна грешката, а после натпреварот плачел во соблекувалната, со што морало да го тешат и фудбалерите на Милан кои беа оштетена страна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА