Италијанската влада наскоро ќе донесе одлука за задолжително вакцинирање на сите играчи во Италија, а додека одлуката бие донесена, Аталанта превзеде мерки пред патувањето во Рим и натпреварот со Лацио.
Според пишувањата на италијанските медиуми, клубот од Бергамо одлучил оние играчи кои не се векцинирани против коронавирусот, да патуваат одвоено од остатокот на групата, но и да бидат сместени одвоено во друг хотел, и одвоено да јадат за разлика од играчите кои се вакцинирани.
Се очекуваше владата на 10. јануари да донесе Закон со кој играчите сите ќе се вакцинираат, но сето тоа беше одложено.
Италија го превзема моделот на Франција која во земјата пушта само вакцинирани спортисти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА