„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Тим на Тухел одамна не бил така лош

Челси не успеа повторно да стигне до победа во Премиер-лигата, откако синоќа одигра само нерешено 1-1 на гостувањето кај Брајтон.

За Томас Тухел ова беше четврти натпревар во низа (3 нерешени, 1 пораз) како не успеваат да стигнат до победа во англискиот шампионат, што е првпат по пауза од шест години кога последен пат имаше ваква низа на натпревари без триумф. Во тој период германскиот стратег беше на чело на Борусија Дортмунд.

 

Се вчитува...