Тренерот на Барселона, Чави, денеска одржа прес-конференција пред Куп натпреварот против Атлетик Билбао. Чави зборуваше на неколку теми, меѓу кои и на „Усман Дембеле“ и неговата сапуница околу заминувањето или останувањето.
Дембеле уште еднаш одби да го продолжи договорот со Барселона, и на крајот од сезоната веројатно ќе го напушти тимот.
Чави им објаснуваше на новинарите каква е ситуацијата со Дембеле.
„Не можеме повеќе да го чекаме да донесе одлука. Или ќе го продолжи договорот, или клубот ќе најде решение да го продаде до крајот на месецот. Што и да се одлучи, треба да биде порано. Не размислувам да го испратам на трибини. Сака да продолжи тука, и не ми е јасно зошто не сака да го продолжи договорот. Не постои никакво решение. Не ми е јасно се тоа што го зборува неговиот агент, а потоа Дембеле ми кажува дека сака да остане. Навистина ништо не ми е јасно“, рече Чави.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

