Каков мајстор: Одбрани два пенали во 95. минута (ВИДЕО)

Голманот на турскиот Гиресунспор Окан Кочук е човекот на денот во фудбалска Европа. Тој успеа да му донесе бод на својот тим на гостувањето кај големиот фаворит Трабзонспор (1-1), откако успеа да одбрани два пенали во судиското надополнување.

Го одбрани првиот пенал, но бидејќи неговите соиграчи прерано влегоа во шеснаесетникот тој мораше да биде преновен, по што Кочук уште еднаш се докажа и успеа и во вториот обид да го спречи ударот на противничкиот фудбалер.

 

 

Се вчитува...