„Маестро“ Ембид броеше до 50 и влезе во одбрано друштво (ВИДЕО)

Изминатата вечер во НБА лигата ја одбележаа „југословените“ Никола Јокиќ, Ивица Зубац, Лука Дончиќ и Бојан Богдановиќ кои делеа „часови по кошарка“, но најрасположен беше Џоел Ембид кој во победата над Орландо со 123-110 постигна 50 поени и 12 скока.

Со блескавата партија Ембид влезе во одбрано друштво во кое се и Ален Ајверсон и Вилт Чемберлен како единствени кои повеќе пати ја надминуваа границата од 50 постигнати поени носејќи го дресот на оваа франшиза.

Се вчитува...