Каменица Саса во пролетниот дел од сезоната ќе биде предводена од Горан Гоцевски, кој доаѓа на местото на Горан Здравков.
Откако Здравков не успеа да се договори со раководството на клубот за продолжување на соработката, на негово место на тренерската функција е именуван досегашниот негов помошник, Гоцевски кој е поранешен фудбалер на Саса и Пирин од Благоевград, Бугарија.
Прв помошник на Гоцевски ќе биде поранешниот капитен на Саса, Сашко Велиновски.
Тимот веќе ги закажа и пријателските натпревари за зимскиот подготвителен период, денеска против Силекс, со Осогово на 29. јануари, со Кит Го на 12. февруари. Во подготовките се приклучени и шест фудбалери од младинскиот погон. Од тимот досега единствено заминаа Филип Димоски во прилепска Победа, и Дејан Анѓов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА