Најдобриот млад македонски тенисер Калин Ивановски е рангиран како десетти носител на јуниорскиот турнир на првиот гранд-слем во сезоната Австралија опен. Ивановски кој имаше одлична 2021 година во јуниорска конкуренција со големи очекувања тргнува во новата сезона.
Тој за прв противник во Мелбурн парк ќе го има 16-годишниот Русин, Јарослав Демин. Натпреварот ќе се игра на теренот број 14, а се очекува да почне некаде околу 3 часот по полноќ по македонско време.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА