Младата американска тенисерка Аманда Анисимова ја елиминираше Јапонката, Наоми Осака во третото коло од првиот гранд-слем турнир од сезоната Австралија опен. Во еден маратонски меч Анисимова беше подобра од двократната шампионка во Мелбурн со 2-1, по сетови 4-6, 6-3 и 7-6.
Првата носителка на турнирот, домашната Ешли Барти продолжува со убедливите настапи во Мелбурн. Таа си закажа меч токму против Анисимова откако со рутински 2-0 славеше над Италијанката, Камила Џорџи по сетови 6-2 и 6-3.
Пласман меѓу шеснаесетте најдобри во женска конкуренција обезбедија и Викторија Азаренка, Барбора Крејчикова, Паула Бадоса, Марија Сакари…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА