Рома синоќа го победи Лече со 3-1 во рамки на натпреварот од фудбалскиот куп на Италија, а по завршувањето на овој двобој Мурињо реши да им се обрати на присутните новинари и да расчисти со шпекулациите дека ќе го напушти кормилото на „волчицата“.
Португалскиот стручњак истакна дека во моментот ужива во проектот на Рома и дека нема намера да се пресели во друг клуб.
„Многу сум среќен во Рома. Не би го менувал овој проект за друг. Дадов збор за овие три години и нема да заминам до крајот на фоговорот. Ова е и мој проект. Чувствувам дека луѓето ми веруваат. Од фудбалска гледна точка, да играм за да завршам меѓу четвртото и осмото место не е она што го сакам. Но, следната сезона ќе бидеме подобри“, изјави Мурињо, за ‘Football Italia’.
По 22 кола во италијанскиот шампионат, Рома има освоено 35 бода и се наоѓа на седмото место на табелата во Серија А.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА