Калиниќ влезе и погоди – Верона победи

Верона повторно врза две победи во серија во Калчо-лигата откако избраниците на Игор Тудор вечерва славеа на домашен терен над Болоња со 2-1. Херој на мечот беше Никола Калиниќ, хрватскиот напаѓач кој влезе во игра во второто полувреме и со прецизен удар со глава на десетина минути до крајот им ги донесе трите бода на „веронезите“.

Мечот почна одлично за Болоња, откако гостинските фудбалери поведоа со извонредниот волеј на Орсолини. Домаќините успеаја да се разбудат во вистински момент, израмнувајќи пред крајот на првото полувреме со голот што го постигна Капрари на асистенција на Лазовиќ.

Капрари не реализираше убава шанса во вториот дел, но Верона сепак стигна до цел плен благодарение на акцијата на двајцата „резервисти“, Лазања асистираше од десната страна, а Калиниќ биеше прецизно и донесе триумф.

Се вчитува...