На почетокот на оваа година Интер требаше да гостува во Болоња, но после одлуката на локалниот кризен штаб, домашниот тим поради коронавирус не се појави на стадионот „Ренато Дал’Ара“. Лидерот во Серија „А“ се појави на теренот, се загреа, чекаше 45 минути заедно со официјалните лица, но потоа се вратиле дома.
Во петокот стигна одлука од Дисциплинската комисија дека средбата повторно ќе се игра, и нема да биде регистрирана со службени 0-3.
Таквата одлука била изненадувачка за сите од клубот од Милано, па според извештаите од Италија се одлучиле да поднесат жалба што не добиле меч на „зелена маса“. Во тимот на Интер сметаат дека им е нанесена неправда и дека ваквата одлука се разликува од минатите.
Во минатото не беше одигран натпреварот Удинезе – Салернитана, а средбата беше регистрирана со 3-0 за тимот од Удине, а на Салернитана и беше одземен еден бод.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА