Италијанската алпска скијачка ја продолжи доминацијата во спуст сезонава во светскиот куп во алпско скијање откако денеска триумфираше и на домашната трка во Кортина Д’ампецо.
Гоџа до победата стигна со време од 1:06.98 минута што беше за 20 стоти делови од секундата подобро од второпласираната Рамона Сибенхофер од Австрија.
Подиумот го надополни чешката скијачка Естер Ледецка која доцнеше 26 стотинки зад времето на победничката. Утре во Кортина е закажана супервелеслаломската трка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА