Барди стартер во поразот од Кадиз, Леванте „тоне“ кон втора лига

Леванте на домашен терен го загуби можеби најважниот натпревар за опстанокот, со директниот конкурент Кадиз со 0-2. Со тоа се чини дека шансите на Леванте за опстанок се невозможна мисија, откако сега заостануваат девет бода од опстанокот, со тоа што противниците имаат и натпревар помалку.

Енис Барди беше во стартните 11, и играше до 55. минута кога го напушти теренот. Имаше два обиди кон голот на Кадиз, но не успеа да го најде патот до мрежата.

Со тоа тимот на Барди се чини следната сезона ќе биде дел од втората лига во Шпанија, а Барди е се поблиску да замине од последнопласираниот тим на табелата во Ла Лига и да се пресели или во Италија, или да остане во Шпанија во Бетис или Реал Сосиедад.

Се вчитува...