По информацијата дека Марио Балотели би можел да се врати во националниот тим на Италија за баражот со Македонија во март, италијанските фанови ги „запалија“ социјалните мрежи.
Главно коментарите се дека фановите се против оваа идеја Манчини да го врати „лошото момче“ во репрезентацијата после повеќе од три години апстиненција од дресот со државниот тим.
Балотели во моментов игра за Адана Демирспор во турскиот шампионат.
„Секогаш сум бил фан на Балотели. Беше одличен играч, но ако во моментов тој е решението за Италија, тогаш тешко на нас“, е коментарот на еден од навивачите.
„Не“, е коментарот на друг навивач на „Азурите“, притоа споменувајќи дека Џанлука Скамака треба да има предност пред Балотели.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА