Како што пишува англискиот „Мирор“, Пеп Гвардиола наскоро би можел да се зафати со селекторска работа, и да биде новиот селектор на Холандија. На шпанскиот тренер за 18 месеци му истекува договорот со Манчестер Сити, и тој и натаму не донел одлука околу своите идни планови.
Познато е дека екс тренерот на Барселона и Баерн Минхен, од секогаш имал желба да води една репрезентација. Таа желба може многу брзо да му се оствари, ако овие најави се вистините.
Холандската фудбалска федерација наводно подготвува понуда за него, но Гвардиола засега не покажува знаци дека би можел лесно да го напушти тимот на Манчестер Сити, со оглед дека му оди одлично, и тимот му се наоѓа пред нова титула во Премиерлигата.
Луј Ван Гал има договор со Холандија по Мундијалот во Катар, а потоа клупата ќе биде испразнета, со што се отвора место за Шпанецот да седне на селекторското место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА