Организаторите на претстојните Зимски олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг објавија денеска дека се откриени 72 случаи на Ковид-19 меѓу 2.586 лица поврзани со Игрите. Лицата влегле во Кина во периодот од 4 до 22 јануари.
Но, меѓу 171 спортисти и официјални лица, немало позитивни лица на коронавирусот.
Од потврдените случаи, 39 биле откриени при тестирања на аеродром, додека 33 во т.н. „олимписки балон“.
Биле направени 336.421 тестирање.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА