Играше за Карпош Соколи, не се снајде во Панатинаикос, па денеска потпиша за Будуќност

Будуќност денеска осигура звучен трансфер откако црногорскиот првак потпиша договор со Кендрик Пери, американскиот лпејмејкер кој пристигна од редовите на Панатинаикос.

Американецот своето име во регионот почна да го создава низ одличните настапи за Карпош Соколи, тим за кој со голем успех настапуваше во АБА-лигата. Пери минатата сезона ја мина во дресот на Цедевита Олимпија, каде важеше за еден од лидерите на тимот, што му овозможи трансфер во евролигашот Панатиниакос.

Експлозивниот плејмејкер сепак не се снајде во грчкиот гигант, имаше просек од 4,8 поени и 1,6 асистенции, по што доби раскин на договорот и се пресели во Будуќност.

Се вчитува...