Ограбена куќата на Карим Бензема за време на натпреварот на Реал против Елче

Домот на напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, бил на мета на криминална банда, која одлучила да го ограби за време на мечот со Елче во шпанското првенство.

Според „Марка“, крадците влегле во куќата преку градината, сместена во луксузен станбен комплекс во „Сан Себастијан де лос Рејес“, во период кога куќата била празна. Самиот натпревар заврши со резултат 2-2. На оваа средба Бензема не успеа да реализира пенал. Французинот дури и се повреди и го напушти теренот во 58. минута.

Реал Мадрид сега има 50 бода на 22 натпревари и е на првото место на табелата во шпанската Ла Лига.

Се вчитува...