Кристијан Ериксен е на прагот да се врати во професионалниот фудбал, откако минатото лето доживеа срцев удар и едвај преживеа на натпревар од Европското првенство меѓу Данска и Финска. Плејмејкерот неколку минути беше без знаци за живот, но докторите успеаја да го вратат и беше пренесен во болница.
Фудбалерот за врска е близу до враќање во англиската елита, ама Брентфорд му подготвува посебни и детални медицински прегледи. Секако, основниот и круцијален услов е состојбата на срцето на Ериксен. Доколку данскиот плејмејкер ги мине тестовите, базирани на работата на срцето, многу веројатно ќе заигра за Брентфорд бидејќи сè друго е договорено.
Претходно интерес за Данецот искажа и Ајакс, но многу пореално е Ериксен да се врати назад во Премиер-лигата, каде долго време со успех го носеше дресот на Тотенхем.
Сепак, здравјето мора да биде пред се, свесни за тоа се и челниците на Брентфорд, но и самиот фудбалер…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА