Неверојатен пријателски натпревар беше одигран денеска во Анталија, помеѓу екипите на Борец и на бугарскиот тим ЦСКА 1948. На крајот бугарскиот тим го доби натпреварот со 4-3, но неверојатно е тоа што сите голови беа постигнати во првото полувреме.
Георгиевски и Мамадзаде му донесоа водство на Борец од 0-2 во 6. и 7. минута. Во 9. минута Топузов успеа да намали, а Русев во 17. минута да израмни. Набрзо, Ѓорѓиев во 19. минута повторно го донесе Борец во водство, а Русев за две минути, односно во 42. и во 44. минута донесе нов пресврт, и водство од 4-3.
Во вториот дел мрежите мируваа, па така Бугарите го задржаа водството, а Борец немаше сили за уште еден пресврт илиза израмнување.
Првото полувреме и сите голови на следното видео:
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

