Швеѓанката Хектор најдобра на велеслаломот во Кронплац

Сара Хектор е победничка на велеслаломската трка во светскиот куп во алпско скијање која денеска се возеше во италијанскиот Кронплац. Швеѓанката до победата стигна со вкупно време од 2:03.63 минути што беше за 15 стоти делови од секундата подобро од второпласираната Словачка, Петра Влхова.

Подиумот го надополни Французинката, Теса Ворли која доцнеше 52 стотинки зад времето на победничката. Водечката во генералниот пласман во светскиот куп Микаела Шифрин заврши на петтата позиција.

 

Се вчитува...