Ренова и Воска одиграа нерешено со четири гола

На пријателскиот натпревар одигран денеска во Охрид, Ренова ремизираше со второлигашот Воска Спорт со 2:2. Во натпревар во кој имаше четири гола и еден пресврт, сепак, на крајот двата тима не се победија меѓусебно.

Прва во водство дојде екипата на Ренова преку Кахримановиќ, а Воска на полувремето успеа да стигне до 1-1 со гол на Алиу. Нападите на охридскиот второлигаш дадоа плод, па така Воска стигна до водство од 2-1 со гол на Ален Јашароски. „Гипсарите“, сепак, не се предадоа и успеаја да постигнат гол преку Рамадани за 2-2, што беше конечен резултат на средбата.

 

Се вчитува...