„Мило за драго“ – Челси го „краде“ стоперот на Барселона

Додека погледите на Баселона се насочени кон дефанзивците на Чесли, Цезар Азпиликуета, Антонио Рудигер и Андреас Кристенсен, актуелниот шампион на Европа работи на случајот без обесштетување да го донесе Роналд Араухо на „Стемфорд Бриџ“.

Договорот на 22-годишниот со каталонскиот тим истекува на крајот на сезоната, а според последните информации Уругваец одбил продолжување на соработката. На готовс чека Челси кој се очекува да остане со „дупла“ во одбраната, но „сините“ имаат и конкуренција во Манчестер Јунајтед.

Араухо е дел од Барселона од 2018 година каде пристигна од редовите на Бостон Ривер за 4.7 милиони евра, а по настапите за Барселона Б е дел од првиот тим на каталонците од 2020 година, за кој досега одигра 63 натпревари во сите конкуренции.

Се вчитува...