Зајков и Левски официјално се разделија

Ѓоко Зајков не е повеќе дел од тимот на Левски Софија. Ова денеска го објави бугарскиот тим, и разделбата е спогодбена.

„Раководството и стручниит штаб на Левски му се заблагодаруваат на Ѓоко Зајков за професионалното однесување во „сината“ екипа, и за разбирањето и отстапките кои беа поврзани со тешката финансиска ситуација во клубот и му посакуваат многу здравје, лични и професионални успеси“, се вели во соопштението.

Репрезентативецот во минатото беше дел од Рен и Шарлероа, а веројатно кариерата ќе ја продолжи во Унгарија.

Се вчитува...