Искусниот македонски одбојкарски стратег Јошко Миленковски е назначен за нов селектор на репрезентацијата на Црна Гора. На денешната седница на Управниот одбор на Одбојкарската федерација на Црна Гора беше донесена одлука македонскиот стратег да биде новиот предводник на машкиот национален состав.
Миленкоски веќе има работено во Црна Гора откако во сезоната 2007/2008 ја водеше екипата на Будванска ривијера со која беше третопласиран на Ф4 турнирот во европскиот ЦЕВ куп.
Покрај селекторската функција во Црна Гора, тој ќе остане на кормилото на грчкиот тим Финикас Сирос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА