Египет се пласираше во четвртфиналето на Африканскиот куп на нации откако во претпоследниот осминафинален дуел славеа над Брегот на слоновата коска по изведување на пенали со 5-4.
По регуларните 90 минути мируваа мрежите, а истото се случи и во продолженијата по кои следуваше пенал рулетот. Фудбалерот на Манчестер јунајтед Ерик Баи промаши во третата серија, додека Мохамед Салах во последната беше прецизен и ги одведе „фараоните“ меѓу осумте најдобри.
Таму Египет ќе игра против репрезентацијата на Мароко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА