Аријан Адеми избран за седми најдобар фудбалер во Хрватска во последните 50 години!

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Аријан Адеми е избран за седми најдобар фудбалер во последните 50 години во Хрватска во изборот на еден од најугледните весници во земјата „Вечерњи лист“.

Адеми кој ги урна сите можни рекорди во дресот на Динамо Загреб и покрај тоа што не е хрватски репрезентативец ги доби сите почести од хрватската јавност. Најдобар хрватски фудбалер во последните 50 години е Лука Модриќ кој ја освои „Златната топка“ во 2018 година, а зад него се наоѓаат Давор Шукер и Роберт Просинечки. Пред Адеми во рангирањето уште се и Звонимир Бобан, Марио Манџукиќ и Иван Ракитиќ.

 

Се вчитува...