Коронавирусот продолжува да прави проблеми во македонското кошаркарско првенство. Откако поради вирусот беше откажан натпреварот од 13. коло помеѓу Еуро Никел и ТФТ, овој викенд неизвесен е и мечот помеѓу Феникс 2010 и Пелистер поради позитивни случаи на Ковид-19 во редовите на новалијата.
Неофицијално, по натпреварот со Работнички неколку кошаркари имаат позитивни тестови и истите се наоѓаат во самоизолација во добра здравствена состојба. Засега неизвесно дали со нови позитивни случаи се соочуваат и „црвено-белите“ со оглед на тоа што се поклопува временската рамка.
Натпреварот помеѓу новлијата и лидерот на табелата е закажан за в недела со почеток од 11 часот и 30 минути, но поради запазување на протоколите за заштита на јавното здравје мала е веројатноста за негово одигрување. Останува да видиме која ќе биде официјалната одлука од „куќата на кошарката“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

