Преселба: Дони ван де Бек го одбра Евертон

Дони ван де Бек е нов фудбалер на Евертон откако „карамелите“ и Манчестер Јунајтед се договорија со позајмица до крајот на сезоната со тоа што тимот од Ливерпул ќе ја покрие целосната плата на Холанѓанецот.

Ван де Бек пристигна на „Олд Трафорд“ како големо засилување од Ајакс, но откако не доби вистинска шанса за докажување спасот на сезоната ќе го бара во клубот на кој му претстои тешка битка за изборување на опстанок во Премиерлигата.

Во Евертон тој ќе соработува со Френк Лампард кој само формалности го делат од превземање на клубот по прекинот на соработката со Рафа Бенитез.

Се вчитува...