Работнички стигна до нов триумф на подготовките во Анталија за вториот дел од сезоната откако славеше над руски Факел со 3-0 со два гола постигнати во првото и еден во второто полувреме.
Македонските фудбалери во предност стигнаа во 8. минута преку пенал, а само две минути подоцна го зголемија водството на 2-0 за овој резултат да остане на семафорот се до судиското продолжение на второто полувреме во кое „романтичарите“ повторно ја затресоа мрежата.
Како потсетување рускиот тим вчера беше противник и на Шкупи, но тој натпревар заврши пред време поради физичка пресметка меѓу фудбалерите на двата тима.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА