Федерер со честитка за Надал: Не го потценувајте големиот шампион

Рафаел Надал стана првиот тенисер во историјата кој успеал да стигне до 21. гренд-слем трофеј во кариерата. За него Шпанецот се избори во големото финале на Австралија Опен каде го совлада Данил Медведев со 3-2 по голем пресврт откако по два сета имаше негатива од 0-2.

Честитки за легендарниот Шпанец доаѓаат од сите страни, а една од ни е и од Роџер Федерер, вечниот ривал кој вели дека големиот шамион никогаш не смеете да го потцените.

„Каков натпревар! До мојот пријател и голем ривал Рафаел Надал честитки од се срце за успехот кој го оствари со постанување првиот тенисер кој стигнал до 21. гренд-слем трофеј. Пред само неколку месеца се шалевме дека сме на крајот. Неверојатно. Никогаш не го потценувајте големиот шампион. Твојата неверојатна работна навика, посветеност и победнички дух се инспирација за мене, но и многу други во светот. Горд сум што ја делев оваа ера со тебе и чест ми е што имав улога во обидот да го преминеш лимитот, како што правеше и ти за мене во последните 18 години. Знам дека ќе имаш уште достигнувања, но сега уживај во ова“, напиша Федерер на социјалните мрежи.

Се вчитува...