Роналдо и соиграчите престанале да го следат Гринвуд на социјалните мрежи – Јунајтед веќе не ја продава неговата опрема

Манчестер Јунајтед го суспендирал Мејсон Гринвуд на неопределено откако се појавиле снимки на кои ја злоставува својата девојка Хериет Робсон. Девојката на Инстаграм објавила фотографии со крваво лице и модринки по телото и за тоа го обвинила Гринвуд, кој веднаш бил приведен во полициска станица на испрашување.

Освен што го суспендирале фудбалерот, од Манчестер ја исфрлиле од продажба и сета негова опрема, а на социјалните мрежи престанале да го следат неговите соиграчи Кристијано Роналдо, Пол Погба, Давид Де Геа, Макрус Рашфорд…Оваа сезона Гринвуд, чија вредност е проценета на 50 милиони, постигнал 6 погодоци во 24 настапи за клубот од Олд Трафорд.

Потсетуваме, Робсон покрај фотографиите објавила и аудио-снимка на која може да се слушне машки глас како ја тера на секс, а таа одбива.

„Полицијата дозна за фотографиите и видео-снимките на социјалните мрежи во кои жена пријавува физички напад. Отворена е истрага против мажот и можеме да потврдиме дека е уапсен поради сомнение за силување и физички напад. Ќе остане во притвор за понатамошно испрашување“, стои во соопштението на полицијата.

 

 

 

Се вчитува...