Од денеска веќе е и официјално, Том Брејди на 44-годишна возраст реши да ја заврши својата фантастична кариера и да се збогува од НФЛ-лигата. Легендарниот квотер бек мина дваесет неверојатни сезони во Њу Ингланд патриотс, по што во 2020 се пресели во Тампа Беј, тим со кој стигна до шестата титула во НФЛ-лигата.
По поразот од ЛА Рамс и неможноста да се одбрани трофејот, Брејди реши дека е дојден моментот да се каже крај. Медиумите уште пред неколку дена го најавија неговото повлекување, таткото на НФЛ-легендата ги демантираше тие информации, за денеска самиот Том Брејди да го обелодени своето пензионирање.
„Секогаш сум велел дека во спортот морате да бидете максимално посветени, ако не сте, нема да успеете. А успехот е она што јас го сакам во нашиот спорт, 22 години давав се од себе при секојдневните физички, ментални и емотивни предизвици. Тешко ми е ова да го напишам, но еве – Веќе нема да се натпреварувам. Уживав во мојата НФЛ-кариера, но сега е време да се фокусирам на некои други работи“, објави Том Брејди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

