Пандев го одработи првиот тренинг во Парма (ФОТО)

Горан Пандев по вчерашниот потпис со италијанскиот второлигаш денеска го одработи и првиот тренинг во Парма, запознавајќи се со своите нови соиграчи.

Крајно неочекувано Пандев се одлучи да ја промени средината среде сезона, напуштајќи ја Џенова каде имаше мала минутажа изминатава есен па сега вклучувајќи се во тимот каде на голот е легендарниот Џиџи Буфон.

Како што е познато Пандев потпиша договор до крајот на сезоната, со можност за продолжување на истиот на уште една година. Дебито за Парма се очекува на 5. февруари против Беневенто во 21. коло од Серија Б.

Се вчитува...