Фудбалската репрезентација на Јужна Кореја е 15-тиот учесник на Светското првенство во Катар. Оваа селекција го обезбеди учеството на Мундијалот со победата од 2-0 против Сирија на неутрален терен во Дубаи, во рамките на 8. коло на азиските квалификации. Победата ја донесоа головите на Сун Ким и Хон Квон.
Со оваа победа Јужна Кореја го обезбеди едно од првите две места во групата „А“. Другиот патник од оваа гурпа е селекцијата на Иран.
Јужна Кореја го обезбеди своето 11-то учество на Мундијалите во историјата, од кои 10 во низа. Најголемиот успех го постигнаа во 2002 година кога го освоија четвртото место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА