Официјално, Пјер-Емерик Обамајенг ќе го носи дресот на Барселона. Каталонскиот клуб предмалку го промовираше Габонецот за нов фудбалер кој доаѓа од Арсенал како слободен играч.
Неговиот договор со Барселона е до 30. јуни 2025, а има откупна клаузула од 100 милиони евра.
Обамејанг го комплетираше трансферот на Ноу Камп во две минути до истекот на преодниот рок. Се чекаше само Арсенал да му го раскине договорот. Згора на тоа Арсенал ќе треба да му исплати одредена сума.
Засега не е познато колку ќе заработува во Барса, но јасно е дека тоа ќе биде далеку од оние 350.000 фунти неделно колку што земаше во таборот на „топчиите“.
It’s @Auba time 😎 pic.twitter.com/B8eHCnOzYZ
— FC Barcelona (@FCBarcelona) February 2, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

