Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар е блиску до враќање на терените по повредата. Резултатите од прегледот, кој Бразилецот го направи во понеделникот, покажаа дека играчот може да започне со индивидуални тренинзи.
Вчера Бразилецот се загреваше пред индивидуалниот тренинг и имаше кратка сесија со колегите од ПСЖ.
Од клубот веруваат дека Нејмар ќе може да игра против Реал Мадрид во Лигата на шампионите, дури и ако нема време да се врати во форма. Натпреварот е закажан на 15 февруари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

