Реал го растури и Зенит, Жалгирис заборави како се победува

Реал Мадрид го декласираше Зенит со убедливи 85-64 и се зацврсти на челната позиција на евролигашката табела. „Кралевите“ се наоѓаат во фантастична форма, па без многу мака стигнаа и до деветтата победа во низа во елитното европско натпреварување, сите дилеми околу победникот решавајќи ги уште во првите три четвртини од средбата. Љуљ и Јабуселе беа најефикасни во таборот на Реал со по 13 поени, додека прв стрелец на Зенит при вечерашниот пораз беше Појтрес со 21 постигнат поен.

Уникс славеше на гостувањето во Литванија против Жалгирис со убедливи 67-76, продлабочувајќи ја кризата на тимот на Јуре Здовц, кој нанижа осум евролигашки порази во серија. Лоренцо Браун беше прв стрелец на Уникс со 19 поени, додека Марио Хезоња го заврши мечот со 14 поени зад своето име.

Милутинов беше во главна улога при рутинската победа на ЦСКА над Алба Берлин, изразена со убедливи 91-72. Српскиот центар доминираше во рекетот реализирајќи дабл-дабл од 21 поен и 11 скокови, додека по 11 поени за ЦСКА постигнаа Укхов и Лундберг.

Анадолу Ефес по голема битка го совлада тимот на Асвел со 78-72. Ларкин блесна кога беше најважно и постигна 19 поени надополнети со осум асистенции, а Круно Симон придонесе со 15 поени, пет скока и три асистенции во овој триумф.

Се вчитува...