Со свеченото отворање на стадионот „Птичјо гнездо“ во Кина вчера почнаа 24. Зимски олимписки игри. На отворањето на стадионот не се најде дел од врвот на Соединетите американски држави, но и на нејзините сојузници, но тука беа лидери кои имаат добар однос со Кина.
Најмногу внимание привлече претседателот на Русија, Владимир Путин кој опуштено ја следеше церемонијата се додека на стадионот не се појави делегацијата на Украина.
Во последно време има голема тензија меѓу овие две земји, па затоа бурно се следеше реакцијата на првиот човек на Руската федерација. Кога се појавија украинските спортисти Путин изгледаше како да спие, па практично ги игнорираше Украинците.
Putin fell asleep during the opening ceremony of the Olympics. pic.twitter.com/Eplkr6QThd
— MRCTV (@mrctv) February 4, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА