Тренингот во машкиот спуст на ЗОИ откажан поради силен ветер

Третиот и последен тренинг во машкиот спуст на Зимските олимписки игри во Пекинг е откажан поради силниот ветер.

Само тројца скијачи успеаја да ја поминат патеката пред организаторите да донесат одлука за негово откажување. Шанса по трет пат да ја почувствуваат патеката имаа еден од главните фаворити, Норвежанецот, Андре Омот Килде, двократниот олимписки шампион Матијас Мајер и Италијанецот Кристофер Инерхофер.

Спуст трката ќе биде таа што ќе се отворат натпреварите во алпско скијање на ЗОИ, а е закажана за утре во 4 часот по полноќ по средно европско време.

 

Се вчитува...