Норвежанката Јохауг прва златна медалистка на ЗОИ во Пекинг

Норвежанката Тереза Јохауг е првата освојувачка на златен медал на Зимските олимписки игри во Пекинг, откако славеше на скијатлон трката во крос-кантри.

Делницата од 15 километри Норвежанката ја помина за време од 44:13.7 минути. Сребрениот медал и припадна на Русинката Наталија Непријаева, додека  со бронзата изненадувачки се закити Австријката, Тереза Стадоблер.

За 33 годишната Јохауг ова е прво индивидуално злато на олимписките игри, а само второ откако беше златна и на штафетата 4х5 километри на игрите во Ванкувер 2010 година.

Се вчитува...