Ѓоковиќ се најде во предизборен спот на Александар Вучиќ (ВИДЕО)

Првиот рекет во светот Новак Ѓоковиќ во четвртокот беше на прием кај претседателот на Србија, Алексндар Вучиќ. Тој на овој прием му се заблагодари на претседателот што му даде безрезервна поддршка во целата ситуацијата во Австралија, која заврши со депортација на најдобриот тенисер.

Сепак, ова гостување во резиденцијата на претседателот предизвика лавина во српската јавност бидејќи тимот на Вучиќ го искористи гостувањето на Ѓоковиќ во предизборен спот. Кампањата за изборите кои што ќе бидат на 3. април се уште не е почната, но дефинитивно овој спот е најава за тоа што ќе се случува следниот период во Србија.

Видеото веќе од вчера е достапно на „јутјуб“ и се претставува како дел од серијалот промотивни спотови пред стартот на изборната кампања.

 

 

Се вчитува...