Германска лизгачка испиша историја – По осми пат настапи на Олимписки игри

Легендарната германска лизгачка Клаудија Пејштан испиша историја откако денеска настапи по осми пат на Зимски олимписки игри. 49-годишната ветеранка настапи на трката на 3000 метри и иако имаше дури 20 секунди послабо време од златната Ирене Скоутен, таа беше поздравена од публиката во Пекинг.

„Ова е победа за мене. Официјално го постигнав рекордот. Ја минав целта радувајќи се со кренати раце“, изјави Пехштајн.

Со ова таа стана првата жена која настапила на осум различни олимписки игри со што се израмни со безвременскиот јапонски ски-скокач Норијаки Касаи кој има ист учинок.

 

Се вчитува...