Никола Митревски и неговиот Порто продолжуваат со одличните партии на домашно тло. Откако имаат перфектна сезона во домашниот шампионат, тие сигурно чекорат и во националниот куп.
Во осминафиналето Порто без проблеми славеше над Чико со убедливи 20-38. Уште од самиот старт гостите уфрлија во висока брзина и веќе на полувреме беше решено се околу конечниот победник (10-19). Интересно е тоа што и второто полувреме заврши со истиот резултат (10-19), што во конечниот збир донесе победа на Порто од 20-38.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА