Најдобрата македонска ракометарка Сара Ристовска и нејзината ЦСКА Москва загубија на домашен терен од унгарскиот Ѓер со 23-27 во натпревар од 12. коло во женската ракометна Лига на шампиони.
Првото полувреме го карактеризираше брза игра и многу голови на двете страни, нешто во што подобро се снајдоа гостинките и на пауза заминаа со позитива од плус два (13-15). Во вториот дел успеаја да го исконтролираат резултатот и да стигнат до конечен триумф од 23-27.
Македонската репрезентативка натпреварот го заврши со три гола од шест обиди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА