Ердон Даци постигна гол и му го посвети на загинатиот екс соиграч

Македонскиот интернационалец Ердон Даци, погоди вечерва во победата на Вестерло од 3-0 над Ломел.

Со тоа Вестерло се зацврсти на врвот на табелата во втората лига на Белгија, и тимот незапирливо оди кон “елитата”.

За Ердон Даци ова беше гол број 9 во првенството, со кој се најде на второто место на листата на стрелци.

Голот вечерва Даци му го посвети на некогашниот соиграч од Коњаспор, Ахмет Чалик кој неодамна го загуби животот во трагична сообраќајна незгода во близина на Истанбул.

Се вчитува...