ЗОИ: Фојц се закити со злато во спуст, среброто припадна на 41-годишниот Келер

Швајцарецот Беат Фојц победи на трката во супст на Зимските олимписки игри во Пекинг. Фојц го освои првото олимписко злато во кариерата, претходно во 2018, освои сребро во супер велеслалом и бронза во спуст.

Фојц, во Пекинг, победи пред Жоан Келер од Франција и Матијас Мајер од Австрија.

Швајцарецот до златото дојде со резултат 1:42.69 минути. Десет стотинки зад него беше Келер. Францускиот скијач влезе во историјата на ЗОИ. Со 41 година, тој е највозрасниот освојувач на медал во алпско скијање.

Мајер трката ја заврши со 16 стотинки послабо време од победникот Фојц.

 

 

 

Се вчитува...